Search
fr-FRmk-MKsq-AL

БАРАЊЕ ПАРТНЕР

По повод Повикот за проекти 2015/2016, Соработката Долна Нормандија/Македонија воведе Формулар за барање партнер со цел да им овозможи на заинтересираните страни од Долна Нормандија и Македонија да најдат партнер за соработка.

Доколку сте заинтересирани да најдете партнер во Долна Нормандија пополнете го Формуларот (достапен подолу) со податоци за вашата структура и испратете го по електронска пошта на адресата: bn-mk@aldaintranet.org. Податоците ќе бидат објавени на интернет страницата на Соработката Долна Нормандија/Македонија.

Овој Формулар ќе биде искористен за развивање на алатката за пребарување на партнери во рамки на Соработката Долна Нормандија/Македонија. 


Документи за преземање

Формулар за барање на партнер во долна нормандија (doc)

ПАРТНЕРИ НА СОРАБОТКА ДОЛНА НОРМАНДИЈА / МАКЕДОНИЈА (doc)


ЛИСТА НА ПАРТНЕРИ

21 мар. 2018

Франкофонски фестивал за кратки репортажи за младите новинари

Categories: Млади  / 

Организацијата „По стапките на Албер Лондр" и Аудиовизуалниот клуб на Виши оваа година го организираат за прв пат Франкофонскиот фестивал за кратки репортажи во рамките на форумот „Новинарство и општество кој ќе се одржи од 21 до 24 ноември 2018 година во Виши, Франција.

Фестивалот предвидува натпревар за млади новинари и репортери, на возраст од 18 до 35 години, кои сакаат да подготват една или две кратки репортажи снимени на француски јазик или со француски превод, во траење од 3 до 10 минути.

Репортажите треба да бидат на тема „Моето соседство, моето село, мојот град, мојата територија“ и треба да отсликаат еден настан, една идеја.

Сите кратки репортажи избрани од страна на жири комисијата ќе бидат јавно прикажани за време на фестивалот..

Во прилог ќе ги пронајдете потребните документи за пријавување на натпреварот и правилата за пријавување. Истите можете да ги пројандете и на страницата на организацијата По стапките на Албер Лондр

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x