Создавање на иновативна соработка
Некогашниот Регион Долна Нормандија соработува со Република Македонија уште од 2006 година благодарение на тоа што доби исклучителна дозвола за директна соработка со една држава од Министерството за надворешни работи. Програмата беше осмислена согласно Европската повелба за поддршка на доброто локално владеење, меѓународната политика на Франција и потребите на двете територии.
Локалното владеење е централно во целиот проект и според тоа, се поврзуваат локалните власти и чинителите од двете територии, се разменуваат искуства од процесот на децентрализација со цел да се поддржи интеграцијата на Република Македонија во ЕУ.
Покрај иновативниот карактер, соработката помеѓу Нормандија и Македонија е пример за стабилност и трајност. Во изминатите шест години дојдоа на виделина корисноста и влијанието од програмата и од активностите на кои работеа сите чинители.
Во 2013 година, Некогашниот Регион Долна Нормандија и Македонија започнаа нова програма за соработка во времетраење од три години која вклучува нови теми за работа и нови чинители.
Создавање на синергија за квалитетно локално владеење
Нормандија и Македонија соработуваат за да придонесат кон создавање и развивање на квалитетна локална демократија. Концептот се однесува на целото население: граѓани, невладни здруженија, локални власти (градоначалници, советници и државни службеници), економски чинители, итн. Децентрализираната соработка го потпомага локалното влaдеење бидејќи поттикнува размени и создавање на знаења на многубројни и разнообразни теми како: човекови права, култура, млади (формално и неформално образование), културно наследство и сеќавање.
Соработка за градење на заедничка европска иднина
Сите активности што се спроведуваат во рамките на соработката придонесуваат кон подигнување на свеста за европските вредности и на двете територии. Соработката се води врз основа на повеќе цели кои се дефинирани според потребите на Нормандија и на Македонија:
- програмата ја поддржува децентрализацијата која води кон кохерентен и одржлив модел на територијален развој,
- програмата го поддржува локалното владеење, односно локалните челници и администрации со цел да се зајакнат нивните надлежности,
- програмата го поддржува активното граѓанство со намера да се зголеми граѓанското учество на локално ниво и европското граѓанство на пошироко ниво.