Login |Register

Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Мобилност

Да се овозможи мобилност на жителите од Македонија и Долна Нормандија е сеприсутна иницијатива во програмата. Акцентот пред сè е ставен на мобилноста на младите и на уметниците од двете територии.

Во секој проект, локалните избраници и/или професионалци се среќаваат и ги запознаваат териториите кои се дел од соработката.


Мобилност на млади [образование]

Координација од страна на Коалиција на младински организации - СЕГА  

Коалицијата СЕГА, со седиште во Прилеп, е задолжена да ги поттикнува и поддржува проектите за мобилност наменети за младите и да ги придружува носителите на проекти при спроведувањето на проектите.

Постојат два вида на мобилност на млади:

- Мобилност во рамките на формалното образование преку поттикнување на размена на млади во образовен контекст на сите можни степени (од основно училиште до факултет),

- Мобилност во рамките на неформалното образование преку охрабрување на испраќање и пречекување на европски волонтери на двете територии и поттикнување на размена на млади (со поддршка од Европската унија преку програмата Еразмус плус).

Мобилност во културата [култура и уметност]

Координација од страна на ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата

Асоцијацијата Локомотива е задолжена да ги поддржува размените и да го води процесот на мобилност на уметници.

Во ваквите проекти се вклучуваат уметници кои творат во разни уметнички области чија дејност директно влијае врз територијата, а тоа создава вистинска додадена вредност за оваа соработка.

Во последниве години имаше пораст на бројот на уметници кои заминуваа на уметнички престој во партнерство со Францускиот институт од Париз на тема визуелна уметност. За време на Фестивалот на француски филм во Скопје што го организира Францускиот институт од Скопје се става акцент на филмовите од Долна Нормандија, а сето тоа е поткрепено со гостување на разни личности токму од тој регион. Во областа на музиката исто така беа спроведени проекти на тема усно и музичко културно наследство од Македонија што вклучуваа размени, творештво и концерти (проект на трубачката група од Каен – Баруф оркестар).