Login |Register

Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Повик за проекти во рамки на Соработката Долна Нормандија/Македонија 2015-2016 година

Соработката Долна Нормандија/Македонија објавува повик на проекти за 2015-2016 година.

Соработката помеѓу францускиот регион Долна Нормандија и Република Македонија започна во 2006 година со цел да се поттикне територијалниот развој и децентрализацијата во двете територии. Програмата за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Република Македонија обезбедува финансиска поддршка за проекти за поттикнување на локалналниот развој и демократија. Во 2013 година во рамки на првиот повик за проекти се реализираа девет проекти во двете територии. 

Во ноември 2014 година, во рамките на програмата за децентрализирана соработка објавува повик за проекти на следните теми:

  • Мир и помирување, 
  • Човекови права : демократска ангажираност и граѓанско учество, 
  • Култура и културно наследство, 
  • Туризам. 


Право на учество на овој повик имаат единици на локална самоуправа, организации, културни или образовни институции од Долна Нормандија и Македонија.

Вкупниот износ на финансиските средства за овој повик изнесува 160 000 евра.
 
Апликациите треба да бидат испратени електронски најдоцна до 11 февруари 2015 година, на bn-mk@aldaintranet.org.

Доколку имате прашања во врска со повикот, обратете се на: bn-mk@aldaintranet.org до 30 јануари 2015 година. Со цел да се овозможи еднаков пристап до информациите за сите кандидати, прашањата и одговорите ќе бидат јавно објавени на интернет страницата на програмата за соработка Долна Нормандија/Македонија.

Документи за преземање

Повик за проекти 2015-2016 (pdf)
Апликација – наративен дел - МК (doc)
Апликација – наративен дел - FR (doc)
Предлог буџет (xls)

Презентација Повик на проекти 2015-2016 (pdf)
bflix