Соработка/Проект на соработка/Соработка на градови
Login |Register
Градовите во соработката - клучни за добро локално владеење Градовите се клучни чинители за да се постигне добро локално владеење и во Долна Нормандија и во Македонија. Градовите имаат важно место во соработката. Градовите се вклучени во два сегмента од програмата. Од една страна, градовите се незаобиколиви чинители во територијалните проекти за спроведување на соодветни активности и постигнување на значајни резултати. Од друга страна, градовите од Долна Нормандија и од Македонија се збратимени и заеднички спроведуваат разни проекти. Збратимувањата меѓу градовите се зачестија и се зајакнуваат од 2010 година. Денес, осум градови соработуваат на разни тематики кои ним им се важни како: културно наследство, млади, животна средина (главно: управување со отпад). Вмрежувањето е остварливо благодарение на поддршката од „Солидарни хоризонти“ што претставува регионална структура за децентрализирана соработка со седиште во Каен која ги поддржува и охрабрува иницијативите на градовите. Новата програма 2013-2016 година ќе им овозможи на градовите да ги поврзат разните чинители во мрежа и на тој начин ќе внесе свеж импулс во нивната соработка. Во рамките на програмата се развија осум соработки: • Охрид (МК) – Каен (ФР) • Струга (МК) – Вистреам (ФР) • Вевчани (МК) – Ерманвил-сур-Мер (ФР) • Дебар (МК) – Иф (ФР) • Берово (МК) – Ливаро (ФР) • Велес (МК) – Шербур-Октевил (ФР) • Карпош (МК) – Флери-сур-Орн (ФР) • Пелагониски регион (МК) – Областа на Заливот Мон-Сен-Мишел (ФР)