Search
fr-FRmk-MKsq-AL

БАРАЊЕ ПАРТНЕР

По повод Повикот за проекти 2015/2016, Соработката Долна Нормандија/Македонија воведе Формулар за барање партнер со цел да им овозможи на заинтересираните страни од Долна Нормандија и Македонија да најдат партнер за соработка.

Доколку сте заинтересирани да најдете партнер во Долна Нормандија пополнете го Формуларот (достапен подолу) со податоци за вашата структура и испратете го по електронска пошта на адресата: bn-mk@aldaintranet.org. Податоците ќе бидат објавени на интернет страницата на Соработката Долна Нормандија/Македонија.

Овој Формулар ќе биде искористен за развивање на алатката за пребарување на партнери во рамки на Соработката Долна Нормандија/Македонија. 


Документи за преземање

Формулар за барање на партнер во долна нормандија (doc)

ПАРТНЕРИ НА СОРАБОТКА ДОЛНА НОРМАНДИЈА / МАКЕДОНИЈА (doc)


ЛИСТА НА ПАРТНЕРИ

9 јан. 2015

Локална Агенција за Развој - Струга


Здруженија на граѓани - Струга

Интернет страница : www.ldastruga.org

Контакт е-пошта : contact@ldastruga.org 

Тема на која ќе работите :

  • Култура и културно наследство 

Баран тип на структура за партнерство :

  • здруженија на граѓани
  • единици на локална самоуправа
  • области, департмани, заедница на области од Долна Нормандија
  • институции за образование и центри за обука
  • културни институции од јавен карактер
     

Краток опис на проектот :

Преку оваа соработка младите подобро ќе се запознаат со културното наследство во Македонија и Долна Нормандија, како и со меѓународните концепти и пракса на заштита на наследството и одржлив развој. Тие активно ќе соработуваат и ќе учествуваат во заштитата, промоцијата и унапредувањето на светското наследство.   
Претставници од двете земји директно ќе учествуваат во активностите на партнерите – настани кои ќе се поврзани со промоција и заштита на културното наследство. 

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x