Search
fr-FRmk-MKsq-AL

БАРАЊЕ ПАРТНЕР

По повод Повикот за проекти 2015/2016, Соработката Долна Нормандија/Македонија воведе Формулар за барање партнер со цел да им овозможи на заинтересираните страни од Долна Нормандија и Македонија да најдат партнер за соработка.

Доколку сте заинтересирани да најдете партнер во Долна Нормандија пополнете го Формуларот (достапен подолу) со податоци за вашата структура и испратете го по електронска пошта на адресата: bn-mk@aldaintranet.org. Податоците ќе бидат објавени на интернет страницата на Соработката Долна Нормандија/Македонија.

Овој Формулар ќе биде искористен за развивање на алатката за пребарување на партнери во рамки на Соработката Долна Нормандија/Македонија. 


Документи за преземање

Формулар за барање на партнер во долна нормандија (doc)

ПАРТНЕРИ НА СОРАБОТКА ДОЛНА НОРМАНДИЈА / МАКЕДОНИЈА (doc)


ЛИСТА НА ПАРТНЕРИ

9 јан. 2015

Општина Чешиново-Облешево

Општина - Чешиново-Облешево

Интернет страница : cesinovo-oblesevo.gov.mk

Контакт е-пошта : cesinovo-oblesevo@t-home.mk

Тема на која ќе работите :

  • Мир и помирување
  • Човекови права : демократска ангажираност и граѓанско учество
  • Култура и културно наследство

Баран тип на структура за партнерство :

  • единици на локална самоуправa
  • области, департмани, заедница на области од Долна Нормандија
  • институции за образование и центри за обука

Краток опис на проектот :

Предлог проектот опфаќа:

  • Размена на млади (ученици во основно образование)со цел запознавање на различни култури, начин на живот и богатства со кои располага партнерот, заради почитување и толерирање на различностите кај младата популација. 
  • Размена на општинската администрација со цел размена на искуства и практики  во стратегиите на работа, со посебен акцент на Локалниот Економски Развој.
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x