Search
fr-FRmk-MKsq-AL

БАРАЊЕ ПАРТНЕР

По повод Повикот за проекти 2015/2016, Соработката Долна Нормандија/Македонија воведе Формулар за барање партнер со цел да им овозможи на заинтересираните страни од Долна Нормандија и Македонија да најдат партнер за соработка.

Доколку сте заинтересирани да најдете партнер во Долна Нормандија пополнете го Формуларот (достапен подолу) со податоци за вашата структура и испратете го по електронска пошта на адресата: bn-mk@aldaintranet.org. Податоците ќе бидат објавени на интернет страницата на Соработката Долна Нормандија/Македонија.

Овој Формулар ќе биде искористен за развивање на алатката за пребарување на партнери во рамки на Соработката Долна Нормандија/Македонија. 


Документи за преземање

Формулар за барање на партнер во долна нормандија (doc)

ПАРТНЕРИ НА СОРАБОТКА ДОЛНА НОРМАНДИЈА / МАКЕДОНИЈА (doc)


ЛИСТА НА ПАРТНЕРИ

21 јан. 2015

Центар за изведувачки уметности Мултимедиа

Здруженија на граѓани - Скопје

Интернет страница : http://multimedia.org.mk/

Контакт е-пошта : lea@multimedia.org.mk

Тема на која ќе работите :
  • Култура и културно наследство
  • Туризам
Баран тип на структура за партнерство :
  • здруженија на граѓани
Краток опис на проектот :

Проектот „Креативни заедници“ има за цел да ги промовира креативните индустрии како генератори на одржлив локален културен и економски развој во две места од источниот регион на Македонија – Злетово и Пробиштип. Проектот ќе се состои од мапирање на креативните индустрии во избраните места со цел да се препознае и искористи нивниот културен и природен потенцијал, обуки за локалното население во областа на културниот туризам, креативните индустрии, културната економија и стратешкото планирање, како и поддршка на иницијативи (мали бизниси) за локален културен и економски развој иницирани од страна на локалното население. 
 

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x