Search
fr-FRmk-MKsq-AL

БАРАЊЕ ПАРТНЕР

По повод Повикот за проекти 2015/2016, Соработката Долна Нормандија/Македонија воведе Формулар за барање партнер со цел да им овозможи на заинтересираните страни од Долна Нормандија и Македонија да најдат партнер за соработка.

Доколку сте заинтересирани да најдете партнер во Долна Нормандија пополнете го Формуларот (достапен подолу) со податоци за вашата структура и испратете го по електронска пошта на адресата: bn-mk@aldaintranet.org. Податоците ќе бидат објавени на интернет страницата на Соработката Долна Нормандија/Македонија.

Овој Формулар ќе биде искористен за развивање на алатката за пребарување на партнери во рамки на Соработката Долна Нормандија/Македонија. 


Документи за преземање

Формулар за барање на партнер во долна нормандија (doc)

ПАРТНЕРИ НА СОРАБОТКА ДОЛНА НОРМАНДИЈА / МАКЕДОНИЈА (doc)


ЛИСТА НА ПАРТНЕРИ

29 јан. 2015

Општина Шуто Оризари

Општина - Шуто Оризари / Град Скопје

нтернет страница : www.sutoorizari.gov.mk

Контакт е-пошта : sutoorizari@t-home.mk

Тема на која ќе работите :

  • Култура и културно наследство

Баран тип на структура за партнерство :

  • здруженија на граѓани
  • единици на локална самоуправа
  • области, департмани, заедница на области од Долна Нормандија
  • институции за образование и центри за обука
  • културни институции од јавен карактер

Краток опис на проектот :

Општината Шуто Оризари планира да реализира проект кој ќе има за цел да ја зајакне културната размена помеѓу населението од Шуто Оризари и од Долна Нормандија. Главни активности на проектот се организирање на посети во двете држави во рамките на културни манифестацији во општина Шуто Оризари и во Долна Нормандија. Културната размена ќе се врши преку фоклорни танци и изведби од музички уметници.

 

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x