Search
fr-FRmk-MKsq-AL

БАРАЊЕ ПАРТНЕР

По повод Повикот за проекти 2015/2016, Соработката Долна Нормандија/Македонија воведе Формулар за барање партнер со цел да им овозможи на заинтересираните страни од Долна Нормандија и Македонија да најдат партнер за соработка.

Доколку сте заинтересирани да најдете партнер во Долна Нормандија пополнете го Формуларот (достапен подолу) со податоци за вашата структура и испратете го по електронска пошта на адресата: bn-mk@aldaintranet.org. Податоците ќе бидат објавени на интернет страницата на Соработката Долна Нормандија/Македонија.

Овој Формулар ќе биде искористен за развивање на алатката за пребарување на партнери во рамки на Соработката Долна Нормандија/Македонија. 


Документи за преземање

Формулар за барање на партнер во долна нормандија (doc)

ПАРТНЕРИ НА СОРАБОТКА ДОЛНА НОРМАНДИЈА / МАКЕДОНИЈА (doc)


ЛИСТА НА ПАРТНЕРИ

12 апр. 2016

Туристите од Ливаро на прием кај градоначалникот на Берово


Импресионирани од убавините на Берово групата од 20 туристи од Ливаро, Франција, денес имаа заедничка средба со градоначалникот на Берово, Драги Наџински, со кој поразговараа за идните можности за соработка. Туристите на Наџински му ја пренесоа својата воодушевеност од она што во изминатите неколку дена го видоа во Берово.

– “ Баравме контакти со луѓето и ги најдовме , сакавме да посетиме убави пејсажи и ги посетивме, исто така се обидовме да имаме една убава соработка и ја најдовме тука и да заклучам многу сме среќни тука “ – истакна Marie Hellene Gireau, водичот на групата туристи од Ливаро. За градоначалникот на Берово, Драги Наџински, оваа соработка е само продолжување на она што започна пред 5 години со потпишаниот заеднички меморандум за соработка кој годинава беше продолжен за уште две години.

“ Наша стратешка цел е да го развиваме туризмот, јас верувам со наше залагање како локална самоуправа, со луѓето од Ливаро, оваа соработка ќе продолжи“, истакна Наџински.

Инаку, посетата на Берово туристите од Ливаро ја продолжија со спортски активности, како љубители на планинските предели тие реализираа планинарски марш по планината Обозна.

Повеќе информации на линкот на Канал плус

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x