Search
fr-FRmk-MKsq-AL

БАРАЊЕ ПАРТНЕР

По повод Повикот за проекти 2015/2016, Соработката Долна Нормандија/Македонија воведе Формулар за барање партнер со цел да им овозможи на заинтересираните страни од Долна Нормандија и Македонија да најдат партнер за соработка.

Доколку сте заинтересирани да најдете партнер во Долна Нормандија пополнете го Формуларот (достапен подолу) со податоци за вашата структура и испратете го по електронска пошта на адресата: bn-mk@aldaintranet.org. Податоците ќе бидат објавени на интернет страницата на Соработката Долна Нормандија/Македонија.

Овој Формулар ќе биде искористен за развивање на алатката за пребарување на партнери во рамки на Соработката Долна Нормандија/Македонија. 


Документи за преземање

Формулар за барање на партнер во долна нормандија (doc)

ПАРТНЕРИ НА СОРАБОТКА ДОЛНА НОРМАНДИЈА / МАКЕДОНИЈА (doc)


ЛИСТА НА ПАРТНЕРИ

17 ноем. 2017

Состанок на управниот одбор на платформата Франција-Балкан

Состанок на управниот одбор на платформата Франција-Балкан

Управниот одбор на платформата Франција-Балкан одржа состанок во Париз на 10 ноември 2017 во Министерството за надворешни работи, организиран од областа Виши-Оверњ.

На состанокот присуствуваа партнерите во проектот, претставници од локалните власти и асоцијации, кои ги дискутираа тековните активности кои ефективно ги задржуваат целите на платформата. Водечкиот партнер ја претстави состојбата на соработката.

Состанокот претставуваше можност за дискусија на понатамошниот развој на програмата и за претставување на активностите кои ќе следуваат. Управниот одбор ги идентификуваше и потребите за поддршка во развојот на платформата.

Програмата беше создадена во 2008 година со цел да се направи спој помеѓу заедничките проекти во француските власти и на балканската територија.

Соработката помеѓу Нормандија и Македонија учествува и ја поддржува програмата преку Европската Асоцијација за Локална Демократија - АЛДА, споделувајќи искуства за децентрализирана соработка со цел да се зголеми ефективноста на активностите во проектот.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x