Search
fr-FRmk-MKsq-AL

БАРАЊЕ ПАРТНЕР

По повод Повикот за проекти 2015/2016, Соработката Долна Нормандија/Македонија воведе Формулар за барање партнер со цел да им овозможи на заинтересираните страни од Долна Нормандија и Македонија да најдат партнер за соработка.

Доколку сте заинтересирани да најдете партнер во Долна Нормандија пополнете го Формуларот (достапен подолу) со податоци за вашата структура и испратете го по електронска пошта на адресата: bn-mk@aldaintranet.org. Податоците ќе бидат објавени на интернет страницата на Соработката Долна Нормандија/Македонија.

Овој Формулар ќе биде искористен за развивање на алатката за пребарување на партнери во рамки на Соработката Долна Нормандија/Македонија. 


Документи за преземање

Формулар за барање на партнер во долна нормандија (doc)

ПАРТНЕРИ НА СОРАБОТКА ДОЛНА НОРМАНДИЈА / МАКЕДОНИЈА (doc)


ЛИСТА НА ПАРТНЕРИ

19 мар. 2018

Соработката помеѓу Нормандија – Македонија на меѓународната средба во Дижон

Меѓународната  средба на партнерите  на мрежата Франција - Балкан се одржа на 16 и 17 март 2018 година во Дижон, Франција. На овој настан присуствуваа повеќе од 100 претставници на локалните самоуправи од Франција и земјите од Западен Балкан, претставници на партнерските организаци и млади луѓе кои се дел од соработка помеѓу двете територии. 

За време на средбата беа истакнати активностите за зајакнување на врските помеѓу двете територии и нејзината важност, потенцирајќи го примерот на соработката помеѓу  Нормандија и Македонија. Соработката веќе 10 години ги поврзува двете територии, и може да се пофали  со речиси 50 воспоставени партнерства, заеднички механизам за финансирање и голем број на обработени теми.

Градоначалниците на Коломбел, Марк Потие и на Општина Новаци, Љубе Кузманоски како координатори на соработката, беа дел од сесијата „Соработка, култура, солидарност: зајакнување на врските“. Двете општини активно соработуваат на темата Помирување и сеќавање на фронтот од Првата светска војна во Македонија, но и на темите: култура, размена на млади луѓе и многу други. Соработката помеѓу Нормандија и Македонија ги обединува француските и македонските локални власти преку здружување на нивните активности.

Препораките кои произлегоа од оваа средба се однесуваа на надворешниот придонес кон соработката, развој на заедницата, и мобилност и инклузија на младите.

Меѓународната средба беше организирана со поддршка на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција,  на барање на Француската асоцијација на Советот на европски општини и региони (AFCCRE) и на покана на градот Дижон во рамките на Програмата за соработка помеѓу Франција и Балканот предводена од Областа Виши-Оверњ и координирана од страна на Европската асоцијација за локална демократија -АЛДА.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x