Search
fr-FRmk-MKsq-AL

БАРАЊЕ ПАРТНЕР

По повод Повикот за проекти 2015/2016, Соработката Долна Нормандија/Македонија воведе Формулар за барање партнер со цел да им овозможи на заинтересираните страни од Долна Нормандија и Македонија да најдат партнер за соработка.

Доколку сте заинтересирани да најдете партнер во Долна Нормандија пополнете го Формуларот (достапен подолу) со податоци за вашата структура и испратете го по електронска пошта на адресата: bn-mk@aldaintranet.org. Податоците ќе бидат објавени на интернет страницата на Соработката Долна Нормандија/Македонија.

Овој Формулар ќе биде искористен за развивање на алатката за пребарување на партнери во рамки на Соработката Долна Нормандија/Македонија. 


Документи за преземање

Формулар за барање на партнер во долна нормандија (doc)

ПАРТНЕРИ НА СОРАБОТКА ДОЛНА НОРМАНДИЈА / МАКЕДОНИЈА (doc)


ЛИСТА НА ПАРТНЕРИ

10 јун. 2014

Француската амбасадорка Лоранс Оер во посета на Берово

Француската амбасадорка Лоранс Оер во посета на Берово

Француската амасадорка во Македонија, Лоранс Оер оствари работна посета во општината  Берово каде се сретна со градоначалникот на Берово, Драги Наџински. Нивната средба беше посветена на соработката помеѓу општините Берово и Ливаро со посебен акцент на институционалната соработка. Амбасадорката Оер ја понуди својата поддршка на соработката помеѓу Берово и Ливаро и нагласи дека е поволна за двете територии.

21 мај 2014

Издание за културното наследство, туризмот и локалниот развој во Македонија

Издание за културното наследство, туризмот и локалниот развој во Македонија

Туризмот и културното наследство се секогаш актуелни теми во децентрализираната соработка. Со цел да се промовираат градовите во Македонија и нивниот потенцијал на овие теми, организацијата „Солидарни хоризонти (Horizons Solidaires)“ објави издание за Македонија на француски јазик.

21 апр. 2014

Македонски средношколци на посета во општината Лизије

Македонски средношколци на посета во општината Лизије

Учениците од средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ го посетија Лизије, Долна Нормандија. Градоначалникот Бернар Обрил им посака добредојде на 19 млади македонци во општинската зграда на Лизије. Овие млади ученици од албанско потекло, на возраст од 15 до 17 години, учат во двојазични француско-албански паралелки.

7 апр. 2014

Младите од Медицинско-образовниот институт од Флери прикажаа два филма

Младите од Медицинско-образовниот институт од Флери прикажаа два филма

Во вторникот вечерта, на 01 април 2014 година, младите од Медицинско-образовниот институт (ИМЕ) од Флери беа домаќини на своите најблиски и своите сограѓани, прикажувајќи им една малку поинаква видео проекција. Проектот се потпира на соработката помеѓу две општини и се вика Флери-сур-Орн – Карпош, филм за една средба.

RSS
123456789