Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

26 мај 2015

13 нови проекти во рамки на соработката Долна Нормандија – Македонија

13 нови проекти во рамки на соработката Долна Нормандија – Македонија

Categories: Координација  / 

Програмата за децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија избра 13 нови проекти за програмската година 2015/2016. Преку изборот на овие проекти програмата цели кон тоа да продолжи со богата и постојана соработка на овогодишните теми: Човекови права, Култура и културно наследство, Мир и помирување како и Туризам.  

Канцеларијата за соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија прими 40 предлог проекти кои беа проследени од страна на Комисијата за евалуација сочинета од Регионот Долна Нормандија, АЛДА, Министерство за локална самоуправа на Македонија и Амбасадата на Франција во Македонија.

Во рамки на повикот 2015/2016 беа избрани 13 проекти со богата содржина кои опфаќаат секоја од предложените темите.

Соработката Долна Нормандија / Македонија ќе биде збогатена од разноврсноста на овие проекти како и меѓукултурниот аспект кој е застапен во секој од нив.

Избраните проекти се:

1.    Вкрстено наследство

2.    Колективното сеќавање и помирување преку аудиовизуелните уметности, во европски и балкански контекст преку литература

3.    Промовирање на мирот преку соработка на меѓуетничките ученици

4.    Локални ароматични и лековити растенија - туристички и локален економски развој

5.    Културата во улога на територијален развој и социјална кохезија

6.    Македонската култура се слави во Каен – 10 години од соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија

7.    Промоција и конзервација на сакралното културно наследство на Македонија  и на регионот Долна Нормандија

8.    Младите за пониски емисии на ЦО2

9.    Жените во малите занаетчиски бизниси

10.  Шербур – Велес: Споделено наследство

11.  Училиште за човекови права за млади луѓе во Република Македонија и Долна Нормандија

12.  Модел за подигнување на свеста кај младите за човековите права на дигиталниот простор

13.  Од една војна во друга : мирното читање на историјата и должноста за сеќавање

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x