На 12 август, Лоранс Оер, амбасадорката на Франција во Македонија и Ивана Димитровска, шеф на канцеларијата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија беа во работна посета во општината Новаци. Таму, имаа прилика да разговараат со градоначалникот за можностите на соработка во областа на образованието, економијата како и културното наследство.