Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

21 мај 2016

Изложба за „Културното наследство на Дебарскиот регион“

Изложба за „Културното наследство на Дебарскиот регион“

Од 20 мај 2016 година, Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар свечено ја отвори изложбата посветена на културното наследство на регионот и неговите природни богатства. Во рамките на изложбата беа изложени и приватните збирки на граѓаните од регионот. 

19 мај 2016

Изложбата „Свети места“ од Македонија поставена во Каен

Изложбата „Свети места“ од Македонија поставена во Каен

Публиката во Нормандија имаше можност да ужива во изложбата „Свети места“ која го доловува богатството на сакралното културно наследство на Македонија, кое го опфаќа периодот од Византија до Отоманската империја.

15 мај 2016

Обука за младински работници во Струга

Обука за младински работници во Струга

Од 12 до 15 мај 2016 година, во Струга се одржа семинарот „The first step to become a Youth Worker“. За време на четиридневната обука 12 учесници од Македонија имаа можност да се запознаат со методите за анимирање на млади. Оваа обука беше организирана од Коалицијата СЕГА и спроведена од партнерите од Нормандија, здружението „Avril“ и организацијата „Maison pour tous - Léo Lagrange“ од Шербур.

13 мај 2016

Младите режисери се подготвуваат за натпреварот за „Мини-Видео“

Младите режисери се подготвуваат за натпреварот за „Мини-Видео“

Осум режисери аматери од Македонија учествуваа на подготвителната работилница за натпреварот „Слобода на изразување во мини-видео“ на 12 и 13 мај 2016 година. Работилницата ја организираше Францускиот институт во Скопје.

9 мај 2016

Средношколците од Кутанс во посета на Македонија

Средношколците од Кутанс во посета на Македонија

Во мај 2016 година, 22 ученици од средното стручно училиште „Ла Рокел“ од Кутанс ја посетија Битола каде се сретнаа со своите соученици од средното училиште Јосип Броз Тито. 

RSS
12