Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

4 јун. 2015

Изложбата OBSERVATIONS : LIGHT, успешна уметничка размена помеѓу Македонија и Долна Нормандија

Изложбата OBSERVATIONS : LIGHT, успешна уметничка размена помеѓу Македонија и Долна Нормандија

Categories: Култура  / 

Изложбата OBSERVATIONS : LIGHT беше резултат од тригодишна работа на уметницата Флер Елуин во рамки на соработката Долна Нормандија / Македонија.

Овој творечки потфат кој започна во 2012 година се одвиваше во две фази.

На ументицата Флер Елуин ѝ беше доделена уметничка резиденција од еден месец во Македонија благодарејќи на поддршката од Регионот Долна Нормандија и Францускиот институт во Париз. За време на резиденцијата работеше на дела кои беа инспирирани од астрономската опсерваторија Кокино. Флер Елуин исто така се запозна и со македонската уметничка сцена и уметници. Престојот на уметницата беше придружуван од Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во рамки на програмата за уметничка размена на соработката Долна Нормадија / Македонија.

Втората фаза се состоеше од изложба на делата на Флер Елуин која беше поставена во 2014 година и поддржана во рамки на повикот за проекти 2013/2014 на соработката Долна Нормандија / Македонија. Делата инспирариани од Кокино беа изложени во галеријата Остен. Изложбата се состоеше од цртежи со јаглен и мешавина на светликави издробени Мика камења од околината на опсерваторијата кои беа придружени со звучна инсталација. Кураторка на изложбата беше Елена Вељановска.

Изложбата беше исто така претставена пред француската публика во Регионалниот Совет на Долна Нормандија во март и април 2015 година. Во таа прилика изложија дела и македонските современи уметници Јане Чаловски и Христина Ивановска.

Оваа уметничка размена е плод на повеќегодишна иницијатива за мобилнoст на уметниците од Долна Нормандија и Македонија. Голем број чинители го поддржаа овој проект: Регионот Долна Нормандија, Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, галеријата Остен, Францускиот институт, високата школа за ликовни уметности на Долна Нормандија – ЕСАМ, здружението „Régie des Deniers du Plus, уметничката резиденција „Ateliers Intermédiaires, здружението „Horizons Solidaires“ и Фестивалот „Printemps Balkanique.

Проектот се одвиваше во рамки на соработката Долна Нормандија / Македонија.

За да дознаете повеќе за уметницата Флер Елуин следете ја на нејзината интернет страница.  

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x