Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

26 јун. 2015

Здружението Гоу Грин започна со проектот „Младите за пониски емисии на ЦО2“

Здружението Гоу Грин започна со проектот „Младите за пониски емисии на ЦО2“

Categories: Култура, Млади  / 

Еколошкото здружение Гоу Грин започна со проектот „Младите за пониски емисии на ЦО2“ во рамки на повикот за проекти 2015 – 2016 на соработката Долна Нормандија/Македонија.

Проектот „Младите за пониски емисии на ЦО2“ има за цел да придонесе кон развивање на свест, информирање и вклучување на граѓаните за Самитот за климатски промени (КОП21) како и да развие култура во насока на користење на велосипед и селекција на отпад, односно да придонесе кон намалување на ЦО2 во секторот на транспорт и отпад.

Гоу Грин во соработка со организацијата „Familles rurales“ од Долна Нормандија започна со имплементацијата на почетните активности предвидени во рамки на проектот.

Натпреварот „Велосипедист на месецот“ беше организиран на 28 мај 2015 година. 30 ученици од основните училишта „Христијан Тодоровски – Карпош“, „Гоце Делчев“ и „Јан Амос Коменски“ се натпреваруваа во градскиот парк. За време на настанот волонтерите на Гоу Грин им презентираа повеќе за проектот, транспортните навики и климатските промени.

Младинската конференција „Откријте го вашиот обновлив потенцијал“ се одржа на 5 јуни 2015 г. Оваа конфернција имаше за цел да поттикне интерес, практично искуство и лично развивање на младите во време на климатски промени и енергетска транзиција. Конференцијата се состоеше од предавања и работилници за подигање на свеста за големата потрошувачка на ограничени ресурси кои ја носат економијата, но и ја загрозуваат издржливоста на природата.

Главната активност која ќе се одвива ова лето е Кампот за климатски промени каде младите од Македонија и Долна Нормандија подетално ќе се запознаат со ефектите на климатските промени, ќе посетат фабрика за рециклирање на отпад што ќе им помогне многу во креативната работилница за реупотреба на отпад каде ќе можат да ја изразат својата креативност за да создадат употребливи предмети. Кампот ќе се одвива на планината Галичица во Македонија.

Проектот е поддржан во рамки на Децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x