Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

31 јул. 2015

Петто издание на патувачкиот семинар „По стапките на Албер Лондр“

Петто издание на патувачкиот семинар „По стапките на Албер Лондр“

12 млади од Франција, Албанија и Македонија, утре ќе ја започнат својата авантура како дел од патувачкиот семинар „По стапките на Албер Лондр“. Настанот традиционално по петти пат се организира од страна на програмата за мултилатерална соработка на територијални единици од Франција и Балканот.

Патувачкиот семинар „По стапките на Албер Лондр“ е инспириран од репортерското искуство на познатиот француски новинар од почетокот на 20 век Албер Лондр, основач на истражувачкото новинарство.

Преку теренски истражувања, интервјуа, видео снимки и пишување написи овие идни новинари ќе ги равиваат своите истражувачки способности, кои ќе резултираат со создавање на кратки репортажи. Ваквото искуство ќе им овозможи подобро да се запознаат со професијата новинарство и да стекнат нови знаења во областа на истражувачкото новинарство.  

Годинешниот семинар е посветен на Првата светска војна и фронтот кој поминувал на територијата на Македонија, Албанија и Грција. Темата се совпаѓа со комеморацијата на стогодишнината од Првата светска војна. Одејќи по стапките на познатиот новинар, и според неговите новинарски текстови, младите ќе ги посетат градовите Скопје, Битола, Охрид и Корча во Албанија.

Семинарот „По стапките на Албер Лондр“ е организиран во рамките на програмата за мултилатерална соработка Франција/Балкан, во партнерство со Pays Vichy Auvergne, Регионалниот совет на Долна Нормандија, Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) и канцеларијата за соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија во Скопје.

Invitation_presse_conference_Proekt_Alber_Londr_MK.pdf

Po Stapkite na Albert Londr - Info-MK.pdf

Presse_release_Proekt_Alber_Londr_MK.pdf

Prezentacija_proekt_Alber_Londr_MK.pdf

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x