Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

20 авг. 2015

Отворен Младински информативен центар во Кавадарци

Отворен Младински информативен центар во Кавадарци

Categories: Млади  / 

На 19 август 2015 година, Коалицијата на младински организации СЕГА го отвори младински информативен и советадавен центар во Кавадарци.

Ова е втор младински информативен центар отворен од страна на коалицијата СЕГА во рамките на програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија. Првиот беше отворен во Прилеп во 2010 година. Центарот е отворен во соработка со Општина Кавадарци која отстапи дел од општинските простории.

Младинскиот информативен и советодавен центар беше свечено отворен од градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов, француската амбасадорка во Македонија Лоренс Оер и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

Овој информативен простор е наменет за младите од Кавадарци, каде би можеле да се информираат за можностите за обуки, европските програми за мобилност и за други младински прашања. Исто така во програмата на центарот предвидени се обуки и работилници.

Младински работници од Долна Нормандија ќе имаат можност набрзо да ги споделат своите искуства.

Овој проект е резултат на десетгодишната соработка и размена на искуства на тема младински политики во рамките на програмата Долна Нормандија и Македонија.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x