Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

27 ноем. 2015

Eдинаесетта меѓународна конференција е-Општество.мк на тема: „Слобода и приватност на интернет“

Eдинаесетта меѓународна конференција е-Општество.мк на тема: „Слобода и приватност на интернет“

Eдинаесеттата меѓународна конференција е-Општество.мк на темата: „Слобода и приватност на интернет“ ќе се одржи на 10 декември во Хотел Холидеј Ин, во Скопје, во организација на Фондација Метаморфозис.

Конференцијата ќе ја опфати темата човекови права како основа на современото општество, приватност, слобода на изразување. За време на конференцијата ќе има простор и за споделување на најдобрите практики во образованието за човекови права, како и други содржини како што се: алатките за подобрување на безбедноста и приватноста онлајн, новинарски стандарди и човекови права и борба против говорот на омраза, човекови права и избори, други човекови права. Конференцијата ќе биде затворена со препораки за идни чекори во областа на човекови права и слобода и приватност на интернет.

Овој проект се спроведува во партнерство со Институтот за човекови права и мир од Каен кој ќе сподели искуства на тема „Најдобрите практики во образованието за човекови права“ за време на Конференцијата. Фондацијата Метаморфозис и Институтот за човекови права и мир од Каен имаат долгогодишна соработка во областа на човековите права во рамки на соработката Долна Нормандија-Македонија.

Доколку сакате да учествувате на конференцијата вашето учество може да го регистрирате со пополнување на формуларот за регистрација најдоцна до 16.00 часот на 8 декември.

Агендата и деталите за конференцијата може да ги најдете на: www.e-society.mk

Конференцијата е-Општество.мк  е дел од проектот „Модел за подигнување на свеста кај младите за човековите права на дигиталниот простор“ кој го спроведува Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Институт за човекови права и мир од Каен во рамки на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x