Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

5 дек. 2015

Интервју на Рафаел Галвез, волонтер во АЛДА Скопје

Интервју на Рафаел Галвез, волонтер во АЛДА Скопје

За да го одбележи Светскиот ден на Волонтирањето кој се оддржа на 5 декември 2015, Рафаел Галвез, млад волонтер од Европскиот волонтерски сервис, го сподели со нас неговото едногодишно искуство како дел од организацијата АЛДА во Скопје.

Кое е вашето работно искуство и што ве натера да станете дел од Европскиот волонтерски сервис?

Рафаел Галвез: Моето досегашно работно искуство е од чисто финансиска природа. Неколку години работев на полето на логистиката и буџетска анализа.

Пред неколку месеци решив да ја променам кариерата и да се осврнам кон „по човечките“ домени. Исто така имав желба да ја промовирам француската култура во странство. Со таа цел, барав искуство кое би ми дозволило на безбеден начин да ги достигнам своите цели и да зачекорам за првпат по овој непознат терен.

Зошто се одлучивте за Европскиот волонтерски сервис?

Р.Г.: Карактеристиките на Европскиот волонтерски сервис ги исполнуваа сите мои критериуми: краткотрајно искуство за да добијам вистинка слика за работата, надвор од границите на Франција, во рамките на една веќе добро развиена програма како Еразмус+, а преку Националната Агенција на Македонија.

Како ве привлече понудата за волонтерство во АЛДА – Скопје?

Р.Г.: По неколку интернет пребарувња, забележав дека канцеларијата на АЛДА Скопје бара волонтер за период од една година. Целта на волотрањето беше да се поттикне мобилноста на младите и нивното активно учество во развојот на Франкофонијата во земјата. Бидејќи тие цели ми одговараа, се пријавив и мојата пријава беше прифатена.

Како би го опишале вашето искуство досега?

Р.Г.: Пристигнав пред околу 6 месеци и моите очекувања се исполнија.  Волонтерството во невладина организација ми дозволи да се развијам на пријателски, структурен и динамичен начин. Покрај моето професионално искуство, престојот во Македонија ми овозможи да запознаам една нова култура и нови лица.

Како влијаеше ова искуство на твоите планови за иднината?

Р.Г.: Моето волонтерско искуство во рамките на АЛДА-Скопје ми потврди дека сакам да продолжам да работам со невладини организации. Во овој момент сакам да работам со луѓе, посебно со младите, на нивниот развој и учество во македонското општество. Би сакал да учествувам во изработка и развој на проекти поврзани со културата, особено со француската култура. Македонија е земја која е отворена кон овој вид на иницијативи и предизвици.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x