Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

13 мај 2016

Младите режисери се подготвуваат за натпреварот за „Мини-Видео“

Младите режисери се подготвуваат за натпреварот за „Мини-Видео“

Осум режисери аматери од Македонија учествуваа на подготвителната работилница за натпреварот „Слобода на изразување во мини-видео“ на 12 и 13 мај 2016 година. Работилницата ја организираше Францускиот институт во Скопје.

Дона Џамбаска и Филип Нешкоски од Метаморфозис и Анук Ледерле, независен културен менаџер, им помогнаа на младите при реализирање на нивните видеа. Младите режисери имаа можност да се запознаат со правилата и техниките за создавање на видеа и да разговараат за концептот на слобода на говор и изразување. Победникот на минатогодишниот натпревар, Kостадин Лазаров исто така го сподели своето искуство од фестивалот „Off-Courts“ на кој што учествуваше со своето победничко видео во Франција.

Видеата ќе бидат прикажани на 15 јуни 2016 година за време на Фестивалот на француски филм во Македонија, FFF.mk. Како прва награда, Регионот Нормандија ќе му овозможи на најдобриот млад режисер да учествува на фестивалот „Off-Courts“ во Трувил, во Нормандија во септември 2016 година.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x