Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

26 јун. 2016

Првата светска војна ги обедини научниците од Франција и Балканот

Првата светска војна ги обедини научниците од Франција и Балканот

Програмата за Прва светска војна во Македонија доби нов елан благодарејќи на новата советодавна научна група. Научниците кои се дел од групата ги започнаа своите активности на 24 и 25 јуни 2016 година во Македонија. Нивната поддршка е од особена важност за спроведување на програмата и за вреднување на овој дел од историјата и културно наследство од овој период.

Советодавна научна група ќе има за цел да го изрази своето професионално мислење за различните проекти спроведени од страна на партнерите на соработката на тема  Првата светска војна во Македонија.

Групата, организирана од страна на Францускиот институт во Скопје, е составена од француски научници, меѓу кои има претставници од Нормандија, и научници од Македонија, Србија и Грција. Историчари, археолози, географи и етнолози беа присутни за време на дводневната средба на која ги споделија своите искуства и досегашни научни достигнување во врска со Првата светска војна во Македонија.  

Научниците ги презентираа нивните анализи на овој период од европската историја, и дискутираа за начини на подигање на свеста на македонската и европската јавност и вреднување на овој клучен период за европската и светската историја. Тие се согласија дека Македонија и Балканскиот регион имаат богато културно наследство од Првата светска војна и дека е голем предизвик да се работи на оваа тематика. Еден од поважните предизвици е да се запознае подобро македонската јавност со овој период од историјата и да се заштитат остатоците со покревање на свеста на јавноста.

Членовите на групата по дискусиите посетија неколку историски места, рововите и остатоците од Првата светска војна во Македонија како и француските гробишта и Меморијален музеј во Битола кој е во тек на изградба.

Францускиот институт во Скопје и Соработката помеѓу Нормандија и Македонија  ќе ги координираат активностите на советодавната научна група. 

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x