Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

2 септ. 2016

 Соработката помеѓу општините од Нормандија и Македонија продолжи и ова лето

Соработката помеѓу општините од Нормандија и Македонија продолжи и ова лето

Размените помеѓу збратимените општини продолжија и ова лето. Се реализираа две активности во Нормандија и Македонија. Општините имаа можност да разговараат за активностите кои следуваат.

На крај на месец август, претставници на општина Карпош го посетија својот партнер Флери-сур-Орн во Нормандија. Тие беа поканети да учествуваат на празнувањето на стогодишнината од промената на името на оваа општина, по Првата светска војна.  Делегацијата од општина Карпош го престави видеото кое младите од општината го подготвија за младите од Флери-сур-Орн. Видеото го отсликува секојдневието на младите во училиштата и историјата на градот Скопје за време на Првата светска војна.

Во тој период, делегацијата на општина Ливаро, предводена од градоначалникот на Ливаро ја посети Македонија за време на фестивалот „Етно Плоштад“ во Берово. За време на посетата претставниците на двете општини дискутираа за престојаните проекти на соработката во рамките на програмата за млади.

Овие 4 општини соработуваат од 2012 година.



Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x