Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

27 окт. 2016

Македонските истражувачи во посета на Нормандија

Македонските истражувачи во посета на Нормандија

Научните истражувања предвидени во рамките на проектот за Првата светска војна во Македонија започнаа со првите активности на историско и етнолошко поле. Целта на ова истражување е да се открие повеќе за секојдневниот живот за време на Првата светска војна во Македонија. Во рамките на историскиот дел од истражувањата, истражувачите ќе го продлабочат знаењето за врската помеѓу војските и цивилите, додека пак на етнолошко поле, тие ќе обрнат внимание на животот на цивилите од Македонија за време на војната.

За да можат да го надополнат ова истражување, Петар Тодоров од Центарот за истражување на национализмот и културата и Мери Стојанова од здружението Љубојно ја посетија Нормандија.
За време на патувањето тие имаа можност да го посетат Меморијалниот музеј во Каен, како и новоотворениот Меморијален музеј во Фалез посветен на цивилите за време на Втората светска војна во Нормандија. Во Париз, тие го посетија Воениот музеј.

За време на овие посети, истражувачите имаа можност да видат навистина колку е скапа цената на војната когa се работи за човековите животи. Истражувачите навистина се воодушевени од работата на музеите, посебно од музејот во Фалез.

Мери Стојанова напомена дека овие музеи и изложби имаат задача да ја покажат големината на последиците од војната врз едно општество, кои ги чувствуваат и следните генерации. Таа исто така изјави дека и’ се допаѓа како музеите ја истакнуваат историската перспектива  паралелно со современата перцепција на војните.

Петар Тодоров пак, ја нагласи важноста на индивидуалните судбини, за кои чувствува посебна приврзаност, како и севкупниот контекст на војните како што се пропагандите во рамките на образованието, што дополнително ја истакнува комплексноста на тој период. Тој исто така нагласи дека музеите го преставуваат конфликтот во насока на промовирање на мирот, не ги осудуваат народите и ја истакнуваат цената на дадените животи за време на војните.

Ова искуство на истражувачите ќе биде дел од нивниот осврт на Првата светска војна во Македонија и ќе влијае на начините на кои ќе може да се покрене свеста за овој период кај граѓаните.

Овие истражувања се организирани во рамките на соработката помеѓу Нормандија и Македонија и програмата за Првата светска војна во Македонија.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x