Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

3 фев. 2017

Обележана соработката помеѓу општините Карпош и Флери сир Орн!

Обележана соработката помеѓу општините Карпош и Флери сир Орн!

Од 30 јануари до 4 февруари, делегација на Општина Карпош беше во посета на својот партнер, општината Флери сир Орн.

Посетата беше исполнета со многу важни настани, меѓу кои учеството на партнерите на „Националниот ден за интернет градови и села“ организиран во Лил од страна на здружението „Villes Internet“. На овој настан, општините Флери сир Орн и Карпош ја презентираа својата соработка како и нивниот развој во областа на информатичките технологии. По тој повод, Секретарот за информатика во Владата на Република Франција, Жан Винсент Пласе им врачи признание на Марк Ле Креф, Градоначалникот на општината Флери сир Орн и Роберт Јанкуловски, советникот за соработка со меѓународни и невладини организации на општината Карпош за нивната богата соработка.

Претставниците на општината Карпош исто така остварија средби со членовите на советот на Флери Сур Орн со кои разговараа за унапредување на соработката преку проекти од областа на младите, спортот и културата. Партнерите имаа можност да уживаат во изложбата на фотографии  на општина Карпош изработена од страна на фотографот Жанги Л Карпантие за време на посетата на делегацијата на Нормандија во Македонија во 2015 година.

Општините Карпош и Флери сир Орн соработуваат од 2012 година.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x