Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

25 јул. 2017

Одржување на мирот- Предизвик на седумнаесетиот Универзитет на мирот во Каен

Одржување на мирот- Предизвик на седумнаесетиот Универзитет на мирот во Каен

Од 5 до 11 јуни 2017 година, Институтот за човекови права и мир во Каен, го организираше  седумнаесетиот Универзитет на мирот на кој учестуваа триесетина студенти од целиот свет. Темата на овогодинешиот универзитет беше „Одржување на мирот“.

Под менторство на наставниот кадар составен од амбасадори, претставници на меѓународни организации, експерти и универзитетски професори, младите проследија предавања за засегнаите страни, операциите и практиката на одржувањето на мирот во светот.  Последанта активност се состоеше од симулација на мировни преговори каде учесниците има можност да допринесат со своите претходно стекнати знаења. 

Оваа година, Соработката помеѓу Нормандија и Македонија им додели стипендии за учество на 3 учесници од Македонија. 
Институтот за човекови права и мир во Каен го организира Универзитетот на мирот со подршка на регионот Нормандија и Универзитетот во Каен. 
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x