Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

20 фев. 2018

Универзитет на мирот 2018

Универзитет на мирот 2018

Институтот за човекови права и мир во Каен, во соработка со регионот Нормандија и Универзитетот во Каен објавува јавен повик за учество на 18-то издание на Универзитетот на мир, кое ќе се одржи од 17-ти до 23-ти јуни 2018 во Каен, Франција.

Повикот е наменет за студенти од целиот свет кои сакаат да го усовршуваат своето образование во насока на мирот. Младите ќе следат предавања под менторство на наставниот кадар составен од амбасадори, претставници на меѓународни организации, експерти и универзитетски професори.

За да учествуваат во овој повик, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

- да се на возраст од 20 до 28 години;
- да бидат франкофони;
- да имаат завршено минимум 2 години од универзитетски студии во следниве дисциплини: право, социјални науки, политички науки или историја.

Доколку сакате сакате да аплицирате би ви биле потребни следниве документи:

- Формулар за пријавување (достапен подолу),
- Кратка биогрфија,
- Потврда за последната добиена диплома,
- Фотографија во JPEG формат,
- Копија од пасош.

Пријавувањето трае до 8 април 2018 година.

Повеќе информации пронајдете ОВДЕ.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x