Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

13 авг. 2014

Започнаа истражувањата на Локомотива за иницијативата „Женски приказни“

Започнаа истражувањата на Локомотива за иницијативата „Женски приказни“

Истражувањата за проектот „Музеј на женски приказни“ започнаа. Станува збор за интересна програма особено значајна во контекстот на стогодишнината од Првата светска војна и седумдесетгодишнината од Втората светска војна.

„Женски приказни“ се заснова на истражувања кои ќе овозможат едно ново и поинакво читање на историјата на Македонија во почетокот на дваесеттиот век на територијата со цел да се проследи процесот на политичка, економска и културна еманципација на жената. Овој период е неминовно поврзан со важни историски настани како што се Илинденското востание (1903), Младотурската Револуција (1908), Балканските војни (1912-1913), и Првата (1914-1918) и Втората светска војна (1940-1944). Истражувањата се особено насочени во Пелагонискиот регион, во градовите Битола, Прилеп и Крушево.

Во рамки на овој проект ќе се спроведат специфични истражувања за жените во Македонија кои се организирале во здруженија и организации, формални и неформални и имале клучна улога во политичкиот, општествениот и културниот развој. Истражувањата ќе бидат исто така посветени на жени кои биле активни во борбата против строгиот патријархален и традиционален карактер на македонското општество.   Проектот „Музеј на женски приказни“ го спроведува Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во партнерство со Мешан синдикат од областа на заливот Мон Сен Мишел во Долна Нормандија и Центар за развој на Пелагонски плански регион – ЦРППР во Македонија. Проектот е поддржан во кадар на Децентрализираната соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x