Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

4 ноем. 2014

Студиска посета во Нормандија „Меморијалниот туризам, потенцијал за локален развој“

Студиска посета во Нормандија „Меморијалниот туризам, потенцијал за локален развој“

По повод 100 годишнината од Првата светска војна и значајните траги кои се сè уште видливи на нашата територија во рамки на децентрализираната соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија, претставници од општините и граѓанскиот сектор ќе работат на темата меморијален туризам. 

За таа цел од 20 до 24 октомври се реализираше студиска посета во Долна Нормандија за претставници на општини и здруженија на граѓани од Македонија кои имаат потенцијал да работат на меморијалниот туризам и Првата светска војна во Македонија. Поради Истоварувањето на сојузничките сили на бреговите на Нормандија за време на Втората светска војна овој регион има големо искуство со развивање на меморијалниот туризам. 

За време на студиската посета беа организирани истражувачки посети на плажите на Истоварувањето како и Меморијалниот центар во Каен, најпосетуваниот музеј во Франција надвор од Париз. Беше исто така организирана и работилница „Македонија и Првата светска војна“ каде се соединија сите учесници од Долна Нормандија и Македонија кои сакаат да работат на оваа тематика во Македонија. Овие средби беа идеална можност за учесниците од Македонија да разменат идеи и знаења со партнерите од Долна Нормандија кои имаат искуство во областа на меморијалниот туризам и да се запознаат со добрите практики кои можат да се применат во развивањето на меморијалниот туризам во Македонија. На присутните им беше исто така претставен проектот за пријавувањето на плажите на Истоварувањето при УНЕСКО кој го припреми Регионот Долна Нормандија оваа година.

Од општините кои ќе соработуваат на оваа тема на студиската посета во Каен присуствуваа градоначалникот Борче Стамов и Ташко Дуљанов од општина Дојран и Оливера Димитровска и Катерина Чукалеска од општината Новаци како и голем број претставници на граѓанскиот сектор.

Оваа студиска посета на тема меморијален туризам овозможи да се промовираат можностите за ваков вид на туризам и да се разгледа потенцијалот на Македонија на таа тема како и да се овозможат контакти и соработки помеѓу партнерите од Македонија и Долна Нормандија кои заеднички ќе работат на оваа тема во 2015 година во Македонија.

Посетата беше организирана во рамки на средбата на партнери на децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија која се одржа во Каен со присуство на над 50 партнери од двете територии. 
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x