Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

12 дек. 2014

Десетта јубилејна Е-општество конференција: Човекови права на интернет

Десетта јубилејна Е-општество конференција: Човекови права на интернет

Categories: Човекови права  / 

На 11 декември 2014 година се одржа меѓународната конференција Е-општество оранизирана од страна на Фондацијата Метаморфозис во соработка со Институтот за човекови права и мир во Каен. Конференцијата беше на тема „Човекови права на интернет - Слобода на изразување, говор на омраза и приватност во дигиталниот свет“.

Конференцијата ја отворија Н.Е. Лоренс Оер, амбасадорка на Франција во Македонија, г. Љупчо Пренџов, заменик министер за локална самоуправа во Македонија, Н.Е. Маријане Берец, заменик-шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г. Иво Ивановски министер за информатичко општество и администрација во Македонија, г-а Катрин-Амели Шасан, генерален секретар на Меѓународниот институт за човекови права и мир.

Сите говорници ја истакнаа големата важност на интернетот и медиумите во денешното општество, можностите кои ги нудат но и потенцијалните опасности кога е во прашање слобода на изразување, говор на омраза и приватност во дигиталниот свет.

За време на конференцијата имаше презентации од страна на македонски експерти од разноврсни кадри како и француски експерти од Институтот за човекови права и мир во Каен.

Конференцијата Е-општество 2014 е дел од проектот „Младите имаат интернет права“ кој се одвива во рамки на Децентрализиранта соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

За повеќе информации посетете ја интернет страницата E-society.mk.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x