Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

12 мар. 2015

Државниот Секретар за поранешни борци и историски настани на Франција во посета на Македонија

Државниот Секретар за поранешни борци и историски настани на Франција во посета на Македонија

Categories: Сеќавање  / 

Од 9 до 11 март 2015 г. Државниот Секретар за поранешни борци и историски настани при француското Министерство за одбрана, Жан-Марк Тодешини беше во официјална посета во Македонија.

Целта на оваа посета беше Комеморацијата на стогодишнината од Првата светска војна во Македонија во рамки на регионална турнеја во знак на сеќавање на Првата Светска Војна.

За време на неговата посета се одвиваа низа комеморативни настани меѓу кои поставување на камен темелник на музејскиот простор посветен на француските војници од Источниот Фронт, кој ќе биде изграден на француските воени гробишта во Битола. На овој настан присуствуваа и Министерот за одбрана Зоран Јолевски, генерал-потполковникот Насер Сејдини, градоначалникот на Битола Владимир Талески и градоначалникот на Новаци Лазар Котевски.

Државниот Секретар свечено ја откри и спомен-плочата во паркот на Франкофонијата во Скопје, во присуство на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски. Спомен-плочата е поставена за да ги потсетува жителите и посетителите на Скопје на победоносните битки на француските сили предводени од генералот Франше Д’Епре кои се бореле во и околу Скопје (тогашно Ускуб) на 29 и 30 септември 1918 година.

Посетата на Државниот Секратар ја засили легитимноста на активностите кои ги спроведува соработката Долна Нормандија/Македонија како и Француската амбасада во Маекдонија.

Повеќе информации за овој настан можете да најдете тука и тука на француски јазик. 

Фотографија: Петар Ставрев

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x