ПОВИК НА ПРОЕКТИ 2015-2016 ГОДИНА
1. Дали е неопходно да се има партнери од Долна Нормандија и Македонија?
Да, проектот задолжително мора да вклучува најмалку еден партнер од Долна Нормандија и од Македонија. Исто така, проектите задолжително треба да прикажат импакт во Долна Нормандија и во Македонија.
2. Дали канцеларијата за соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија може да најде партнери од Долна Нормандија и Македонија?
Апликантите на проектот сами ги бараат своите партнер организации.
3. Како да најдеме партнери во Долна Нормандија и во Македонија?
Доколку сакате да контактирате партнери кои веќе биле вклучени во проектот на некој начин, ви предлагаме да ги посетите:
- Интернет страната на соработката :
www.bn-mk.org,
- Архивите на програмата за соработка
2007-2012 и
2010-2013
- Интернет страната на Регионот Долна Нормандија:
region-basse-normandie.fr
- Алатка за барање партнери:
Со пополнување на Формуларот (достапен
тукa) со податоци за вашата структура и испратете го по електронска пошта на адресата:
bn-mk@aldaintranet.org. Податоците ќе бидат објавени на интернет страницата на Соработката Долна Нормандија/Македонија.
4. Дали Меморандум за соработка може да биде потпишан по електонски пат или пак треба треба да се оствари средба партнерите пред доставата на апликацијата?
Да, Меморандумот за соработка може да биде потпишан по електорнски пат.
5. Дали вработените во јавната администрација може да добиваат плата од проектот?
Не, средствата доделени од страна на програмата Долна Нормандија/Македонија не смеат да бидат покриваат плати за вработените во јавната администрација. Сепак, дел од нивната плата може да се смета како кофинансирање.
6. Дали може градовите кои се збратимени во рамките на соработката Долна Нормандија/Македонија да аплицираат за проекти за овој повик?
Да, 14 локални самоуправи од Долна Нормандија и од Македонија кои имаат дирекна соработка/збратимување во рамките на програмата за соработка Долна Нормандија/Македонија може да аплицираат за проекти за овој повик, само доколку проектот не e веќе дел во нивниот акционен план за соработка. Исто така, ги поттикнуваме да вклучат други асоцијации, здруженија, културни и образовни институции.
7. Дали образовни и културни јавни и приватни институции може да учествуваат на повикот?
Да, образовните и културните јавни и приватни институции може да учествуваат на повикот како носители и партнери на проектот.
8. На кој јазик треба да се пополни апликацијата?
Апликацијата треба да биде доставена на двата јазика, француски и македонски, од страна на носителот на проектот. Резимето на проектот треба да биде напишано на француски, македонски и англиски јазик.
Предлог буџетот треба да биде доставен на англиски јазик.
9. Кои видови на финансии може да влезат во 40% кофинансирање?
За да учествуваат на повикот, носителите на проекти треба да обезбедат 40% кофинансирање од други извори на финансирање. Принципот на кофинансирање налага еден дел од трошоците за активности и адмнистративни трошоци да бидат обезбедени од страна на носителите на проекти, преку in-kind придонес, или преку други извори на финансирање освен програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република.
Кофинансирањето може да биде во форма на учество во натура (in-kind contribution, valorisation), сопствени средства, или финансирања од други фондови.
Валоризацијата (платите и in-kind придонесот) од придонесот на носителите на проектот треба да изнесува најмногу 20% од финансискиот придонес на носителот на проектот.
10. Дали партнерите треба заеднички да ги обезбедат 40% кофинансирање?
Не е задолжително. 40% кофинансирање може да бидат обезбедени заеднички или само од носителот на проектот.
11. Кој е минимумот/максимумот на средства доделени по проект?
Износот на поединечен грант би изнесувал од 10 000 до 25 000 евра. Целосниот износ на средствата кои ќе бидат доделени за овој повик на проекти за периодот 2015-2016 изнесува 160 000 евра.
12. Дали еден апликант може да учествува со повеќе апликации?
Не, ќе биде земен предвид само еден проект по апликант.
13. Дали апликантот може да учествува како партнер во други проекти?
Да, апликантот може да се учествува како парнер во други предлог проекти.
14. Дали има даночни ослеснувања и ослободувања?
Не, проектот не обезбедува даночни ослободувања. Сепак, даноците може да бидат покриени од страна на проектот.
15. Дали активностите задолжително мора да се реализираат на двете територии, Долна Нормандија и во Македонија?
Не, активностите може да се реализираат само на една територија, но вклучувајќи чинители од дветете територии, Долна Нормандија и Македонија. Еден од критериумите за избор на проектите е импактот на активностите во Долна Нормандија и Македонија.
16. Дали подржувате активности во рамките на Манифестација од традиционален стопански карактер, каде би се овозможило организирање на трибини или дебати за зајакнување на капацитетите на локалната власт и бизнис сектоторот за развој на туризмот, зачувување, промовирањеи зачувување на нематеријалното културно богатство на обичаите?
Целта на повикот на проекти е да се поттикне локалниот развој, вклучувајќи го и економскиот локален развој преку спроведување на проекти кои вклучуваат повеќе сектори, теми, нивоа и видови на партнери.
17. Во повикот стои дека проектот може да започне на 01 јануари 2015 година, а аплицирањето е до 11 февруари 2015 година. Дали тоа значи дека може да се спроведуваат активности пред доставување на апликацијата?
Во предлогот на проектот може да се вклучат активности кои започнале од 1 јануари 2015 година, или покасно. Трошоците реализирани во јануари и фебруари ќе бидат покриени само доколку проектот е прифатен.