Поддршка за мобилност на младите
- Информирање и поддршка за можностите на мобилноста
- Запознавање со начините за мобилност кај различни чинители, како што се Регионалниот совет на Долна Нормандија, Францускиот институт од Скопје, Европската унија или македонските власти.
Да се овозможи мобилност на жителите од Македонија и Долна Нормандија е сеприсутна иницијатива во програмата. Акцентот пред сè е ставен на мобилноста на младите и на уметниците од двете територии.
Во секој проект, локалните избраници и/или професионалци се среќаваат и ги запознаваат териториите кои се дел од соработката.
Мобилност на млади [образование]
Координација од страна на Коалиција на младински организации - СЕГА
Коалицијата СЕГА, со седиште во Прилеп, е задолжена да ги поттикнува и поддржува проектите за мобилност наменети за младите и да ги придружува носителите на проекти при спроведувањето на проектите.
Постојат два вида на мобилност на млади:
- Мобилност во рамките на формалното образование преку поттикнување на размена на млади во образовен контекст на сите можни степени (од основно училиште до факултет),
- Мобилност во рамките на неформалното образование преку охрабрување на испраќање и пречекување на европски волонтери на двете територии и поттикнување на размена на млади (со поддршка од Европската унија преку програмата Еразмус плус).