Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Човекови права и мир

Заштитата на човековите права: Демократска основа за одржлив развој

Почитувањето на човековите права и на граѓаните е суштинска основа за постигнување на едни од главните цели на соработката: зајакнување на локалната власт, а со тоа демократијата. По речиси шест години, Човековите права станаа централна оска на работа во децентрализирана соработка Нормандија / Македонија.

Меѓународниот институт за човекови права и мир (2idhp) од Каен, е партнер-носител на оваа тема на регионално ниво, но и пошироко, а како резултат на долгогодишното присуство во соработката, беше во можност да води голем број на активности во рамките на соработка и да учествува во создавањето на нови партнерства. Во рамки на оваа тема се одржуваат голем број на активности како што се обука на адвокати од Македонија, летни школи за младите со цел да се запознаат со основните поими за заштита на нивните правата права и други активности.

bflix