Мапирање на историјата за придонес кон локалниот развој
Во програмата за периодот 2013 – 2016 година соработката помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија додаде дел посветен на сеќавање и помирување.
2014 година беше одбележана од два многу важни историски настани:
- Комеморацијата на 100 годишнината од почетокот на Големата војна, историскиот настан кој ја обележи историјата на светот. Во таа војна, линијата на Источниот фронт има голема важност за заедничката историја на Македонија и Франција бидејќи голем број француски војници загинале токму во битката кај Битола (тогашен Монастир).
- 70 годишнината од Истоварувањето на сојузничките сили во Долна Нормандија на 6ти јуни 1944 година. Ден кој ќе остане запаметен како Денот-Д, пресвртницата во Втората светска војна која доведе до победата на сојузничките сили.
Токму за оваа годишнина регионот Долна Нормандија води процес за признавање на плажите на Истоварувањето како светско културно наследство на УНЕСКО. Од таму и големата мотивација да работи на темата на сеќавање и културно наследство на Балканот.
Цели :
- Градење на сеќавање и промовирање на вредностите за мир и помирување врз европскиот пример и на дијалог помеѓу нациите;
- Поттикнување за развој на територијални проекти на база на историски настани;
- Поттикнување на самите територии за креирање економски и туристички политики за да се истакнат историските локалитети во Долна Нормандија и Македонија;
- Развивање на алатки за територијален резвој.