Соработката Долна Нормандија / Македонија, одново започнува со објавување на месечниот информатор, односно Newsletter. Преку него ќе можете да ги следите новостите на соработката: изминатите и тековни активности, активностите на партнерите и други информации.
Оваа година, Францускиот Регион Долна Нормандија и Република Македонија, одбележуваат 10 години заедничка работа со цел зајакнување на локалниот развој на двете територии.
Доколку веќе не сте претплатени на нашиот електронски Newsletter, можете да го прочитате тука или пак да се претплатите на следниот линк.