АЛДА и Соработката Нормандија - Македонија организираат Меѓународна летна школа од 25 до 30 јуни 2016 година во Битола.
Ако имате од 18 до 30 години и сте студент по историја, археологија или етнологија, или едноставно пасионирани од богатото историско наследство на регионот не ја пропуштајте оваа исклучителна можност да се пријавите на Меѓународната летна школа на тема „Прва светска војна“.
Овој меѓународен настан им нуди на младите богата програма на тема „Сеќавање и помирување преку културното наследство од Прва светска војна во Македонија“. Темата ќе биде обработена од различни перспективи од страна на меѓународни експерти и истражувачи од област на историја, етнологија, археологија, и културното наследство.
Покрај предавањата, младите учесници ќе имаат единствена можност и да ги посетат досега непознатите локалитети од Првата светска војна во Македонија.
Сите информации за Летната школа ќе ги пронајдете на следната интернет страница:
За учесниците од Македонија и од Балканот е предвидено намалување на трошоците за учество.
За да се пријавите, испратете куса биографија и мотивационо писмо на англиски јазик до Канцеларијата на АЛДА: aldaskopje@aldaintranet.org.
Крајниот рок за пријавување е 25 мај 2016 година.