Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

14 јан. 2015

Ученици и професори од Шербур во посета на Велес

Ученици и професори од Шербур во посета на Велес

Од 12 до 19 јануари оваа година, 36 средношколци и 6 професори од Шербур ќе престојуваат во Велес. Тие беа пречекани од градоначалникот на Велес г. Славчо Чадиев како и професори и ученици од четирите средни училишта во Велес. 

Оваа прва размена помеѓу средните училишта е во рамки на соработката помеѓу градовите Велес и Шербур кои се збратимени од 2010 година. За време на престојот во Велес гостите од Долна Нормандија ќе работат со професорите и учениците од четирите средни училишта во Велес на заеднички предавања од областа на литературата, биотехнологијата и производството на храна, металната индустрија, економскиот менаџмент и јазиците. Учениците ќе ги подготват специјалитети на своите градови и заеднички ќе учествуваат во училишни работилници, ќе ги посетат исто така и културните знаменитости на Велес и Скопје.

Дополнително, македонските и француските професори ќе работат на заедничко аплицирање за европските програми и престој на ученици од Велес во Франција.

На 16 јануари, амбасадорката на Франција во Македонија, г-ѓа Оер ќе ги посети учесниците на оваа размена во Велес.

Размените помеѓу овие училишта се организирани во рамки на Децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија и се финансиски поддржани од Регионот Долна Нормандија.

За повеќе информации прочитајте на интернет страницата на Општина Велес.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x