Активности
Login |Register
12 септ. 2016
Бруно Велјановски е победникот на второто издание на натпреварот за мини-видео организиран од Францускиот институт во Скопје во рамките на Францускиот филмски фестивал FFF.mk.
2 јул. 2016
На шеснаесеттото издание на Универзитет на мирот присуствуваа 25 млади од Франција, Русија, Канада, Мароко, Мадагаскар, Гвинеја, Того, Камерун и тројца учесници од Македонија.
18 јун. 2016
Деветтото издание на Францускиот филмски фестивал во Македонија, уште еднаш ја олицетвори страста кон создавањето уметност, младите и слободата на изразување. Од 15 до 18 јуни 2016 година, Францускиот институт во Скопје ѝ понуди на македонската публика богата програма со актуелна тематика.
14 јун. 2016
Ана Лазаревска, уметник и фотограф од Македонија беше на 3 неделна уметничка резиденција во Нормандија од 13 јуни до 2 јули 2016 година во Регионалниот културен центар „2angles“ во Флер.
21 мај 2016
Од 20 мај 2016 година, Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар свечено ја отвори изложбата посветена на културното наследство на регионот и неговите природни богатства. Во рамките на изложбата беа изложени и приватните збирки на граѓаните од регионот.