Туризмот и културното наследство се секогаш актуелни теми во децентрализираната соработка. Со цел да се промовираат градовите во Македонија и нивниот потенцијал на овие теми, организацијата „Солидарни хоризонти (Horizons Solidaires)“ објави издание за Македонија на француски јазик. Во него можат да се најдат статистики, локални примери, интервјуа и други извори на информации за туризмот и културното наследство. „Солидарни хоризонти“ е организација која ги координира градовите од Долна Нормандија збратимени со македонските градови.