На 25 и 26 април 2015, претседателот на Регионот Долна Нормандија, г. Лоран Бове беше во посета на Македонија да се обележи десетгодишнината од соработката на Долна Нормандија со Македонија.
По тој повод г. Лоран Бове свечено ја отвори новата канцеларија на соработката Долна Нормандија/Македонија во присуство на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Француската амбасадорка во Македонија г-ѓа Лоранс Оер како и Државниот Секретар за локална самоуправа г-ѓа Билјана Цветановска Гугоска. На свечениот настан присуствуваа и голем број од долгогодишните партнери на соработката како и медиумите.
Претседателот на Регионот Долна Нормандија ја отвори ито така и изложбата за Македонија и Првата светска војна во галеријата Остен организирана од страна на Францускиот институт во Скопје со поддршката на соработката Долна Нормандија/Македонија. Претседателот Лоран Бове потоа отпатува во Охрид како и Битола каде ги посети француските воени гробишта. Мир и помирување е една од главните теми на соработката Долна Нормандија/Македонија за периодот 2013-2016 поради тоа што и двете територии биле многу погодени од конфликтите за време на Првата и Втората светска војна.
Посетата на претседателот на Регионот Долна Нормандија за да ги одбележи десетте години соработка беше важен настан кој им даде на активностите кои се имплементираат во рамки на програмата поголем ноториетет и поддршка за иднината на оваа соработка.