Од 6 до 12 јули 2015 во Каен, Долна Нормандија, ќе се одржи Универзитет на Мирот организиран од страна на Меѓународниот Институт за Човекови права и мир од Каен. На овој меѓународен настан секоја година се среќаваат педесетина млади луѓе од целиот свет кои ги споделуваат своите идеи и знаења во повеќе дисциплини поврзани со мирот и човековите права. Наставата и предавањата се одржуваат на француски јазик.
Овогодинешното издание на Универзитетот на мирот се фокусира на темата “Преговори за слобода“. Оваа година Универзитетот на мирот е посветен на крајот на Втората светска војна. Благодарение на децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија, и Француската амбасада од Скопје, на младите Македонци им се нуди одлична можност да учествуваат на овој универзитет.
Правила на учество
За да учествуваат во овој повик, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- да бидат македонски државјани*
- да се на возраст над 20 год.,
- да бидат франкофони,
- да имаат завршено минимум 3 години од универзитетски студии во следниве дисциплини: право, социјални науки, политички науки, историја, географија или француски јазик (книжевност или превод и толкување).
- да бидат млади луѓе кои се интересираат за темата предложена од Универзитетот на мирот и да бидат мотивирани да го вреднуваат искуството стекнато при овој настан преку граѓанска, академска или професионална ангажираност.
* Овој повик се однесува само на младите од Македонија. Кандидатите кои се потекло од други земји на светот својата апликација за Универзитет на мирот треба да јадостават директно во Меѓународниот Институт за Човекови права и мир од Каен (http://2idhp.eu).
Стипендии за учество
На петтемина млади од Македонија, избрани при овој повик, ќе им бидат доделени стипендии за учество од страна на соработката Долна Нормандија/Македонија. Оваа стипендија ги покрива трошоците за сместување и храна во Каен во текот на времетраењето на настанот, како и трошоците за школарина. Патувањето не е покриено од страна на организаторите.
Постапка за селекција
Институт за Човекови права и мир од Каен е одговорен за изборот на учесниците. Заинтересираните кандидати треба да го пополнат формуларот за пријавување и да го испратат заедно со нивната кратка биографија на француски јазик како и документ за лична идентификација и фотографија на следната адреса : contact@2idhp.eu. Крајниот рок за пријавување е 12 јуни. Апликацијата за кандидатура можете да ја најдете подолу.
Иксуства од претходните години
На овој настан кој постои веќе 11 години, младите македонци учествуваат со ентузијазам веќе 5 години. Ова учество за нив беше збогатувачко како на професионален, така и на личен план. Македонските учесници имаа можност да ги споделат своите размислувања на различни теми кои се однесуваат на секогаш актуелното прашање : што е Мирот? Исто така, преку нивните посети, тие имаа можност да придонесат за културно откривање на Долна Нормандија и за подобрување на францускиот јазик.
За повеќе информации за претходните изданија на Универзитет на мирот :http://2idhp.eu/category/nosactions/universite-de-la-paix.
Погледнете ги индивидуалните искуства на учесниците од Универзитетот на мирот 2014.