Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

14 мај 2015

Генерално собрание на АЛДА: 15 години постоење

Генерално собрание на АЛДА: 15 години постоење

Categories: Координација  / 

На 9 мај во Подгорица, се одржа овогодишното Генерално собрание на АЛДА.

АЛДА го прослави својот 15 роденден на Денот на Европа во присуство на членовите, партнерите и пријателите на организацијата.

***

Настанот го отвори г. Ориано Оточан, претседател на АЛДА, проследен со говор на г-ѓа Барбара Точе, потпретседателка на Конгресот на локалните и регионалните власти при Советот на Европа.

Членовите на АЛДА се состанаа и ги одлучија новите стратегиски гледишта кои ќе ја насочат работата на организацијата и во иднина.

Настанот беше проследен со Конференција за преглед на минатите активности и утврдување на новите. Потоа се одржа прославата на 15 роденден на АЛДА и новите членови добија потврдата „newALDA“ за членство во организацијата.

Тимот на АЛДА во Скопје кој раководи со проектот на соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија учествуваа на настанот придружени со македонските членови на АЛДА и партнерите од соработката Долна Нормандија/Македонија. Генералното собрание беше прилика да се промовира соработката кај разните чинители од Балканскиот регион. 

Проектот на соработка Долна Нормандија/Македонија е еден од клучните проекти на АЛДА.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix