Програмата за децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија избра 13 нови проекти за програмската година 2015/2016. Преку изборот на овие проекти програмата цели кон тоа да продолжи со богата и постојана соработка на овогодишните теми: Човекови права, Култура и културно наследство, Мир и помирување како и Туризам.
Канцеларијата за соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија прими 40 предлог проекти кои беа проследени од страна на Комисијата за евалуација сочинета од Регионот Долна Нормандија, АЛДА, Министерство за локална самоуправа на Македонија и Амбасадата на Франција во Македонија.
Во рамки на повикот 2015/2016 беа избрани 13 проекти со богата содржина кои опфаќаат секоја од предложените темите.
Соработката Долна Нормандија / Македонија ќе биде збогатена од разноврсноста на овие проекти како и меѓукултурниот аспект кој е застапен во секој од нив.
Избраните проекти се:
1. Вкрстено наследство
2. Колективното сеќавање и помирување преку аудиовизуелните уметности, во европски и балкански контекст преку литература
3. Промовирање на мирот преку соработка на меѓуетничките ученици
4. Локални ароматични и лековити растенија - туристички и локален економски развој
5. Културата во улога на територијален развој и социјална кохезија
6. Македонската култура се слави во Каен – 10 години од соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија
7. Промоција и конзервација на сакралното културно наследство на Македонија и на регионот Долна Нормандија
8. Младите за пониски емисии на ЦО2
9. Жените во малите занаетчиски бизниси
10. Шербур – Велес: Споделено наследство
11. Училиште за човекови права за млади луѓе во Република Македонија и Долна Нормандија
12. Модел за подигнување на свеста кај младите за човековите права на дигиталниот простор
13. Од една војна во друга : мирното читање на историјата и должноста за сеќавање