На 6ти јуни 2015 година се прославува 71 година од Денот Д, Истоварувањето на сојузничките сили на брегот на Нормандија. Како и секоја година, комеморациите се одржуваат во Долна Нормандија оддавајќи им почит на војниците кои се истовариле на брегот на Нормандија.
Преку соработката со Долна Нормандија и Македонија даде свој придонес кон оваа заедничка историја. Поттикнати од локална битолска приказна и преку истражувања се изготви документарната репортажа „Војникот Рајан од Битола“ . Со цел да се сподели со јавноста оваа невообичаена приказна се направи документарна репортажа за Панде Матевски – „Војникот Рајан од Битола“. Филмот ја раскажува животната приказна на, веројатно единствениот Македонец кој учествувал и загинал на битката во Нормандија, војникот Панде Матевски од Битола. Документарната репортажа може да ја пронајдете ОВДЕ.
Во 2013 година програмата за соработка Долна Нормандија / Македонија ја додаде тематиката „Сеќавање и помирување“ со цел да мотивира размени на двете тритории и да поттикне активности инспирирани од заеднички историја. Во Македонија активностите се посветени на Комеморацијата на Првата светска војна на Источниот фронт. Голем број партнери од Франција и Македонија ја поддржуваат оваа иницијатива вклучително и Француската амбасада во Македонија.