Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

6 јул. 2015

Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа“ инспириран од Првата светска војна

Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа“ инспириран од Првата светска војна

Овогодишниот интернационален театарски фестивал “Актерот на Европа” организиран од страна на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА беше посветен на драмски дела инспирирани од Првата светска војна.

 Фестивалот беше отворен на 6 јули 2015 година со поетско-театарски перформанс на француски дела. Перформансот беше изведен од страна на француски актери и во режија на Франсоаз Лабрус која е дел од театарската група на Панта театарот од Каен, Долна Нормандија.

 Овој проект на ЕСРА во соработка со Панта театарот во Каен ја обработува Првата светска војна преку призмата на книжевноста и театарот.

 Театарскиот перформанс претставува еден дел од проектот поддржан од страна на Соработката Долна Нормандија / Македонија во рамки на повикот за проекти 2015 / 2016. Во следната фаза театарска група од Македонија ќе оди во Долна Нормандија со цел да претстави поетско-театарски перформанс инспириран од Втората светска војна.

 Погледнете ја целокупната програма на фестивалот ОВДЕ.

© Француска Амбасада во Скопје


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix