Коалиција на младински организации СЕГА има потреба од ангажирање на две лица за следниве работни позиции: Раководител и Асистент на МИЦ, на определено време (12 месеци) со можност од продолжување за дополнителни 12 месеци. Проектот „Младински Информативен Центар“ е финансиран од Агенцијата на Асоцијации за Локална Демократија (АЛДА) во рамките на Програмата за Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот на Долна Нормандија – Франција и Локална Самоуправа Кавадарци, а спроведуван од Коалиција СЕГА.
Потребните квалификации и искуства за работната позиција Раководител на МИЦ вклучуваат:
Диплома за завршено високо образование од областа на општествените науки или друго соодветно образование;
Предност ќе имаат кандидатите со најмалку 1 година работно искуство во домашни или странски здруженија на граѓани и фондации;
Искуство во испорачување на обуки, фасилитирање на настани;
Активно користење на MS Office;
Одлични комуникациски вештини;
Способност и искуство за раководење со проектен циклус;
Креативност во пристапот, иницијативности, способност за работа во тим;
Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување);
Способност за мониторинг, оценка на спроведените активности - мотивација за работа;
Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи.
Потребните квалификации и искуства за работната позиција Асистент (социјален работник) на МИЦ вклучуваат:
Диплома за завршено високо образование;
Предност ќе имаат кандидатите со факултет за социјална работа и политика;
Искуство во советување;
Активно користење на MS Office;
Одлични комуникациски и презентерски вештини;
Способност и искуство за организирање и спорведување на едукативни настани (обуки, работилници, дискусии со млади);
Креативност во пристапот, иницијативност, способност за работа во тим;
Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување);
Работа со компјутери во MS Office, хостирање и ажурирање на web страна, Corel, Photoshop, Publisher, InDesign, Front Page и слични компјутерски програми;
Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи;
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- мотивационо писмо
- кратка биографија
- копија од диплома за завршен факултет
Целосната документација да се достави најдоцна до 28 јули 2015 година на е-маил: aplikacija@sega.org.mk или на адреса Ул. Цар Самоил бр. 5 Прилеп.
Само селектираните кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју во рок од седум дена од завршувањето на огласот.
Дополнителни информации на телефон 048 429 390, или на е-маил sega@sega.org.mk