На 4 август 2015 година, новиот „Плоштад Берово“ беше свечено отворен во Ливаро, Долна Нормандија. Овој симболичен настан е обележје на седумте години соработка помеѓу Берово и Ливаро. Претставник од Берово присуствуваше на инаугурацијата која преставуваше голема чест за Општината Берово. Делегација од Берово ќе земе исто така учество и во традиционалната прослава на сирењето во Ливаро.
Ани Ан, потпретседател на регионот Долна Нормандија исто така присуствуваше на инаугурацијата на Плоштадот Берово и ја истакна својата голема поддршка за богатата соработка помеѓу овие две општини.
Соработката помеѓу овие две општини станува се поактивна, со голем ангажман од двете страни и многубројни активности кои се одвиваат во текот на 2015 година. Ливаро создаде исто така и меѓуопштинска комисија која ќе биде одговорна за соработката со Македонија. Комисијата ја сочинуваат градоначалници и претставници на општини, а со неа ќе претседава Патрисиа Енри, градоначалник на Сен Мартен ди Менил Ури.
„Не сакаме ова да биде единствено соработка помеѓу претставниците на општините. Затоа, ова лето, пет студенти од културниот центар ќе учествуваат на Етнофестивалот во Берово“ кој ќе се одвива во август 2015 година. Соработката помеѓу Берово и Ливаро ќе продолжи по овој позитивен и активен тек со голем број нови проекти меѓу кои, делегација земјоделци кои ќе го посетат Берово во септември 2015 година, како и младинска размена која ќе се одвива следната година, а за која ќе се дискутира за време на посетата на делгацијата од Ливаро во Берово на 21 август 2015 година.
La place de Bérovo renforce les liens d'amitié avec la Macédoine